ДКУ
Дирекција за култура
и уметност на Скопје

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ

25. јубилејно издание
25.10 – 10.11.2025

ЗА ФЕСТИВАЛОТ

„Есенски музички свечености“ се основани во 1999 година и низ континуираното одржување се вбројуваат меѓу најпрепознатливите музички фестивали во Скопје. Фестивалот се реализира во есенскиот период, од октомври до ноември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Програмата ги поврзува класичната, камерната, џез и современата музика и го претвора градот во сцена за различни концертни формати и музички средби. Низ фестивалот настапуваат домашни и меѓународни солисти, ансамбли и оркестри, со програми што ја поврзуваат традицијата со современиот музички израз.

Во официјалниот каталог за 2025 година фестивалот ја нагласува својата мисија да остане симбол на есенската музичка култура и важен дел од културниот идентитет на Скопје – место на кое музиката ја раскажува својата универзална приказна.
FACEBOOK НА ФЕСТИВАЛОТ →

ИЗДАНИЕ 2025

Во 2025 година „Есенски музички свечености“ го одбележаа своето јубилејно 25. издание, под мотото „25 години музичка извонредност“. Фестивалската програма се одвиваше од 25 октомври до 10 ноември 2025 година.

Свеченото отворање на 25 октомври во Малата сала на Македонската филхармонија беше со проектот „Македонски сновиденија“ на Македонскиот национален џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов. Проектот ја спои македонската музичка традиција со современ џез-израз.

Во продолжение настапија Георги Шарески со соло гитара и авторска програма, женскиот хор „Фрида“ со „Фрида Музикотерапија“, гудачкиот проект на Пламенка Трајковска „Јохан Штраус во филмот“, Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ со рециталот „Звуци на срцето и душата“, Миреа Пинто и Владислав Броневецки со камерниот концерт „Впечатоци од Шпанија“, како и „Једен ансамбл“ од Турција.

Официјалниот каталог за изданието содржи детална програма и текстови за учесниците, на македонски и англиски јазик.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА 2025 →

ПРОГРАМА 2025

Нема настани за избраниот фестивал/категорија.

БИЛЕТИ · 2025

Јубилејното издание 2025 е завршено. Овој блок е зачуван како архивска информација за посетителите на фестивалската страница.
ОНЛАЈН ПРОДАЖБА 2025
За дел од концертите во 2025 година беше користен надворешен билет-сервис. Линкот подолу е задржан како архивска референца.
СТАТУС
Изданието е завршено. За актуелни информации за следното издание следете ги официјалните канали на фестивалот.

Каталог 2025

Официјалниот каталог за јубилејното 25. издание е подготвен под мотото „25 години музичка извонредност“. Во него се содржани фестивалската програма од 25 октомври до 10 ноември 2025, информации за концертите и учесниците, како и двојазична презентација на изданието. Каталогот е зачуван во архивата на ДКУ.
ОТВОРИ ГО КАТАЛОГОТ 2025 →

ОБЈАВИ ВО МЕДИУМИТЕ

Медиумски објави, најави, интервјуа и осврти поврзани со фестивалот „Есенски музички свечености“.
24 медиумски објави
preminportal.com.mk

Дирекција за култура и уметност на Скопје оваа година по седумнаесетти пат е организатор на манифестацијата „ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ“ која ќе се реализира од 02 – 30 ноември 2016 година.

a1on.mk

Десет концерти се на програмата на годинашните Есенски музички свечености кои ќе почнат вечер и ќе завршат на 29 ноември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност- Скопје. 2014

makfax.com.mk

Свечено отварање на Есенски Музички Свечености со врвни музичари 2009