ДКУ
Дирекција за култура
и уметност на Скопје

ЗА ДКУ

Дирекција за култура и уметност на Скопје
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје е јавна установа основана од Град Скопје со цел да ја поттикне, развива и афирмира културната и уметничката дејност во градот.

За нас

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУ) претставува еден од најзначајните носители и промотори на културниот живот во главниот град. Основана во 1948 година, таа се вбројува меѓу организациите со најдолга и најбогата традиција во областа на културата во Македонија.
Во рамките на својата мисија, Дирекцијата го насочува својот интерес кон музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната и применетата уметност, преку концерти, театарски и балетски претстави, изложби, издаваштво, промоции, филмски проекции, семинари, работилници и мултимедијални настани.
ДКУ развива сопствена продукција и меѓународна соработка, поддржува домашни и странски уметници и придонесува кон афирмацијата на македонската култура на национално и меѓународно ниво.
Здружение
Основано од Град Скопје
Поддршка
За културни работници, уметници и институции
Фестивали, изложби, концерти, театар
За заедницата

Портфолио

Разгледајте го нашето портфолио - визуелен преглед на работата, програмите и културната продукција на Дирекцијата. Документот можете да го прелистате директно на страницата или да го отворите како класичен PDF во нов таб.
PDF • 39 страници
ОТВОРИ PDF

Историјат

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје е основана во 1948 година и се вбројува меѓу организациите со најдолга и најбогата традиција во областа на културата во Македонија. Низ повеќе од седум децении ДКУ гради континуитет во создавањето, промовирањето и поддршката на културните вредности.
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУ) претставува еден од најзначајните носители и промотори на културниот живот во главниот град. Основана во далечната 1948 година, со што се вбројува меѓу организациите со најдолга и најбогата традиција во областа на културата во Македонија. Со повеќе од седум децении активно присуство, таа има изградено впечатлив континуитет во создавањето, промовирањето и поддршката на културните вредности на национално и меѓународно ниво.

Во рамките на својата мисија, Дирекцијата го насочува својот интерес кон сите области на уметничкото творештво – музика, театар, литература, филм, ликовна и применета уметност – негувајќи ги преку најразновидни форми на културна продукција и презентација: концерти, театарски и балетски претстави, изложби, издаваштво, промоции, филмски проекции, семинари, работилници и мултимедијални настани.

Покрај организирањето на програми преку кои се претставува творештвото на домашните и странските уметници, ДКУ активно ја развива и својата сопствена продукција, со која ја збогатува културната сцена на Скопје и пошироко.

Во нејзиното богато портфолио се вбројуваат драмски и балетски продукции, изложби на врвни македонски уметници, книжевни изданија, носачи на звук, видео и мултимедијални содржини, кои сведочат за долгорочната посветеност кон поддршката и афирмацијата на уметничкиот израз. Еден од најпрепознатливите белези на Дирекцијата е нејзината отвореност кон меѓународна соработка и интеркултурен дијалог. Во текот на своето постоење, ДКУ реализирала голем број заеднички проекти со институции, фестивали и културни организации од Европа и светот, со што активно придонесува кон промоцијата на македонската култура на меѓународната сцена.

Дирекцијата е основач и организатор на неколку традиционални манифестации од особено значење за градот Скопје, меѓу кои се фестивалите „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Блуз и Соул“, и манифестациите „Матурска Парада“, „Денови на Европско Скопје“ и други. Овие настани претставуваат значајни културни платформи кои ја збогатуваат понудата на градот и привлекуваат бројна домашна и странска публика.
1948
Основање
Основана е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Со своето долгогодишно присуство институцијата станува важен носител и промотор на културниот живот во главниот град.
7+ децении
Континуитет и разновидна програма
ДКУ ги негува музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната и применетата уметност преку концерти, претстави, изложби, издаваштво, промоции, филмски проекции, семинари, работилници и мултимедијални настани.
ПРОДУКЦИЈА
Сопствена културна продукција
Покрај претставувањето на домашни и странски уметници, ДКУ развива и сопствена продукција: драмски и балетски проекти, изложби, книжевни изданија, носачи на звук и мултимедијални содржини.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Културна соработка и интеркултурен дијалог
Во текот на своето постоење ДКУ реализира бројни заеднички проекти со институции, фестивали и културни организации од Европа и светот, придонесувајќи за промоција на македонската култура на меѓународната сцена.
2017
Тимот на ДКУ
Во архивата е забележан тимот на ДКУ од 2017 година под раководство на директорот Мирко Стефановски — дел од континуитетот на институцијата и нејзиното присуство меѓу уметниците и публиката.
2025
Ново поглавје во континуитетот
Во 2025 година ДКУ е под раководство на директор Василија Чали. Истата година продолжува реализацијата на фестивалските и програмските активности, меѓу кои и „Скопско лето“.
Во 2025 година ДКУ е под раководство на директор Василија Чали
Фестивал Скопско лето 2025 година / прес на „ Лов на дива свиња ” во Македонски Народен Театар
Со јасно дефинирана визија за развој на културата како јавен интерес и како двигател на општествениот развој, ДКУ продолжува да ја негува традицијата на создавање и поддршка на автентични културни вредности, поттикнувајќи дијалог меѓу различните генерации, жанрови и уметнички практики. Преку својата програма, институцијата постојано тежнее да го подигне културниот живот на Скопје, претворајќи го градот во живо културно жариште кое ги поврзува уметниците, институциите и публиката.

Три фестивали претставуваат носечки културни иницијативи во Македонија, секој со свој уникатен пристап кон културниот развој – летен, урбан и мултижанровски („Скопско лето“), есенски, формален и фокусиран на класична и современата музика („Есенски музички свечености“) и специјализиран за блуз и соул жанрови, со нагласок на алтернативни сцени и интернационални изведувачи (Блуз и Соул фестивал) – кои заедно го обликуваат современиот културен пејзаж, промовирајќи јавна ангажираност, интернационализација и развој на домашното творештво.

Фестивалите „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“ и Блуз и Соул фестивалот создаваат инклузивни платформи за размена и соработка, каде што различни жанрови (класична, современа, џез, етно, традиционална, блуз и соул музика), дисциплини (музика, театар, филм, визуелна уметност, литература) и културни перспективи се спојуваат во креативен и ангажиран дијалог. Со тоа се поттикнува граѓанска вклученост, културна мобилност и развој на локалната сцена во духот на отвореност, различност и еднакви можности.

Иако фестивалите традиционално се одржуваат во Скопје, во нивната програма се вклучени автори и изведувачи од други градови и земји, што ја зајакнува нивната улога како водечки платформи за културна кооперација и интернационална промоција на домашното творештво.
Тимот на ДКУ 2017 година под раководство на директорорт Мирко Стефановски
Архивска фотографија на ДКУ
Архивска фотографија — сценска продукција
Архивска фотографија од програмите на ДКУ
Изминатите пет и пол децении се исполнети со илјадници програми, десетици илјади учесници,стотици илјади посетители, но бројките и статистиката не мора секогаш да ја изразуваат суштината кога станува збор за остварувањата во творештвото и уметноста Затоа бројки се заменети со фактот на континуираното активно постоење, постојананата присутност меѓу уметниците и публиката.

Пристап и методолигија на работа

Работата на Дирекцијата се темели на професионална организација, стратешко планирање и отворена соработка со културниот сектор. Нашиот пристап ги опфаќа следните клучни фази:
Концепт и програмско планирање
Секој проект започнува со дефинирање на програмските цели, тематската рамка и целните групи. Во оваа фаза се анализира културниот контекст и се утврдуваат содржините кои ќе имаат најголемо значење за културната сцена и публиката.
Партнерства и културна соработка
Дирекцијата развива активна соработка со институции, културни организации, уметници и фестивали во земјата и странство. Овие партнерства овозможуваат реализација на заеднички програми, размена на уметници и развој на меѓународни културни врски.
Организација и продукција
Проектите се реализираат преку професионален продукциски процес кој опфаќа програмска координација, техничка организација, логистика и комуникација со уметниците и институциите. Посебно внимание се посветува на квалитетот на изведбата и на организацијата на културните настани.
Комуникација и развој на публика
Дирекцијата работи на активно вклучување на публиката преку медиумска промоција, дигитална комуникација и јавни културни настани. Целта е културните програми да станат достапни и видливи за различни генерации и групи граѓани.
Документација и културна архива
Секој проект се документира преку публикации, медиумска архива и визуелна документација, со цел да се создаде траен запис за културните активности и нивното влијание врз културниот живот.

Програмски столбови

1. Фестивали и културни манифестации
Дирекцијата организира и продуцира значајни културни фестивали и манифестации кои претставуваат централни настани во културниот календар на градот. Овие програми создаваат простор за презентација на домашни и меѓународни уметници и за културна размена.
2. Музичка и сценска уметност
Програмите во областа на музиката и сценските уметности опфаќаат концерти, камерни настапи, сценски продукции и музички фестивали кои го збогатуваат културниот живот и овозможуваат контакт помеѓу публиката и уметниците.
3. Визуелни уметности и изложби
Дирекцијата реализира изложбени проекти и соработки со музеи, галерии и културни институции, со цел промоција на современата уметност и културното наследство.
4. Литература и издаваштво
Програмите во оваа област вклучуваат книжевни настани, промоции на книги, издавачки активности и поддршка на современата литература.
5. Меѓународна културна соработка
Дирекцијата активно развива меѓународни партнерства и учество во регионални и европски културни мрежи, со цел зголемување на видливоста на македонската култура и поттикнување културна дипломатија.

Органи на управување

Органи
• Собрание • Извршен одбор • Надзорен одбор
Раководство
• Директор
Членови на извршен одбор
• Председател на извршен одбор – проф. др. Васко Ристов • проф. м-р Страшо Темков • проф. м-р Гордана Јосифовска Неделковска • м-р Сашо Кузарески • м-р Горан Јованов • Александар Герасимовски • Елизабета Кузмоновска
Членови на надзорен одбор
• Љерка Тот Наумова (Претседател) • Викторија Дамјановска
Директор
• Василија Чали

Награди и признанија

Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ
Награда / признание — архивски документ