Opens in a new tab
ДКУ
Дирекција за култура
и уметност на Скопје

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ

27. издание
11.11 - 26.11.2026

ЗА ФЕСТИВАЛОТ

„Есенски музички свечености“ се основани во 1999 година и низ континуираното одржување се вбројуваат меѓу најпрепознатливите музички фестивали во Скопје. Фестивалот се реализира во есенскиот период, од октомври до ноември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Програмата ги поврзува класичната, камерната, џез и современата музика и го претвора градот во сцена за различни концертни формати и музички средби. Низ фестивалот настапуваат домашни и меѓународни солисти, ансамбли и оркестри, со програми што ја поврзуваат традицијата со современиот музички израз.

Во официјалниот каталог за 2025 година фестивалот ја нагласува својата мисија да остане симбол на есенската музичка култура и важен дел од културниот идентитет на Скопје – место на кое музиката ја раскажува својата универзална приказна.
FACEBOOK НА ФЕСТИВАЛОТ →

ИЗДАНИЕ 2026

Со особено задоволство го претставувам 27. издание на „Есенски музички свечености“, фестивал кој од своето основање во 1999 година континуирано го збогатува културниот живот на Скопје и создава простор за афирмација на музичката уметност, уметничката интерпретација и средбата на различни музички генерации.

И оваа година, во ноември, Скопје ќе биде домаќин на музички настани кои ги поврзуваат класичната и камерната музика, домашното музичко творештво и европските музички традиции. Програмата на 27. издание е осмислена како средба на различни уметнички изрази, искуства и генерации, со посебно внимание кон квалитетот на изведбите, афирмацијата на домашните уметници и отворањето можности за меѓународна соработка.

Особено значење има отворањето на овогодишното издание, реализирано во соработка со Факултетот за музичка уметност – Скопје, во годината кога оваа значајна високообразовна институција одбележува 60 години од своето постоење. Посветеноста на македонското музичко творештво и вклучувањето на младите музички уметници се важен дел од нашата определба да го негуваме музичкото наследство, но и да ја поддржуваме неговата иднина.

Реализацијата на фестивалот оваа година е овозможена со поддршка на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје, со што се потврдува значењето на институционалната соработка во создавањето и одржувањето на културните содржини во градот.

Во периодот кога Скопје ги развива своите културни перспективи и се подготвува за предизвиците и можностите поврзани со Скопје 2028, ваквите манифестации имаат посебна улога. Тие ја градат културната препознатливост на градот, го поврзуваат со европскиот културен простор и создаваат можности за трајни уметнички партнерства.

Верувам дека „Есенски музички свечености“ и во ова издание ќе понудат вредни музички средби и доживувања, потврдувајќи дека континуитетот на една културна манифестација се гради преку квалитет, посветеност и отвореност кон новите уметнички хоризонти.

Им благодарам на сите уметници, соработници, институции и партнери кои придонесуваат за реализацијата на фестивалот, а на публиката ѝ посакувам пријатни и инспиративни музички вечери.

Василија Чали
Директор
Дирекција за култура и уметност на Скопје

ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА 2026 →

ПРОГРАМА 2026

МУЗИКА
11 НОЕМВРИ

Отворање на фестивалот 27. „Есенски музички свечености“

Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје

20:00

МУЗИКА
16 НОЕМВРИ

Камерен концерт - SOUNDSCAPE ТВО, Србија, „МЕЃУ НАСМЕВКИТЕ И СОЛЗИТЕ“

Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19

20:00

МУЗИКА
23 НОЕМВРИ

Концерт на студентите при Факултетот за музичка уметност - Скопје „60 ГОДИНИ ФМУ СКОПЈЕ“

Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје

20:00

МУЗИКА
25 НОЕМВРИ

„Сонатни приказни“ – Зоран Станишиќ, пијано и Стефан Котевски, виолина

Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19

20:00

МУЗИКА
26 НОЕМВРИ

Солистички концерт на Хатиџе Салиева - Антонио Вивалди „ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“ dd го

КИЦ, Салон 19:19

20:00

БИЛЕТИ · 2026

ОНЛАЈН ПРОДАЖБА 2026
Достапни онлајн.
СТАТУС
Билетите се пуштени во продажба

Каталог 2026

Официјалниот каталог на 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ја претставува програмата за ноември 2026 година. Во него се содржани информации за концертите, учесниците, музичките дела и локациите на одржување. Каталогот е дел од архивата на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
ОТВОРИ ГО КАТАЛОГОТ 2026 →

ОБЈАВИ ВО МЕДИУМИТЕ

Медиумски објави, најави, интервјуа и осврти поврзани со фестивалот „Есенски музички свечености“.
38 медиумски објави · 2025
Макфакс 11.11.2025

Вечерва последниот концерт на о вогодишните „Есенски музички свечености“ – „Впечатоци од Шпанија“

Последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“ насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар).

Трн 11.11.2025

„Впечатоци од Шпанија“ – камерен концерт во рамки на Есенските музички свечености

Во рамките на 25. издание на Есенските музички свечености, ќе се одржи камерен концерт со наслов „Впечатоци од Шпанија“, на кој ќе настапат мецосопранот Миреа Пинто и пијанистот Владислав Броневецки од Шпанија.

24 Вести 09.11.2025

„Једен Ансамбл“ од Турција ќе настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“

„Једен Ансамбл“ од Турција вечер од 20 часот ќе има концерт во Салон 19,19 во Културно - информативниот центар, во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“. На концертот ќе настапат: Руи Азиз - каманча, Халил Ибрахим Доѓан - неј, Реџеп Бел ен - ...

Макфакс 07.11.2025

„Једен ансамбл“ од Турција в недела во КИЦ

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека во рамките на јубилејното 25 - то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на „Једен ансамбл“ од Турција н а 9.11. 2025 г.

Независен 07.11.2025

Концерт на Једен Ансамбл од Турција на „Есенски музички свечености“

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информир а дека во рамки на јубилејното 25 - то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на Једен Ансамбл од Турција, на 09.11. 2025г.

Макфакс 05.11.2025

Солистички рецитал „Звуци на срцето и душата“ – Есенски музички свечености 2025

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје известува дека во рамки на 25. издание на „Есен ски музички свечености“ ќе се одржи солистички рецитал за баритон и пијано насловен „Звуци на срцето и душата“ утревечер, 6 ноември, четврток, со почеток во ...

Независен 05.11.2025

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“

Во рамки на 25. издание на фестива лот „Есенски музички свечености“, денеска во Салон 19 19 при Културниот информативен центар ќе се одржи мултимедијален концерт насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во ...

Прва Скопска 04.11.2025

Есенски музички свечености – Солистички рецитал за баритон и пијано – Берислав Јерк овиќ и Ана Дадиќ

Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ на 6. ноември во Салон 19:19 ќе се одржи солистички рецитал насловен „Звуци на срцето и душата“. Учествуваат: Б ерислав Јерковиќ – баритон Ана Дадиќ – пијано (Хрватска) Берислав Јерковиќ е ...

Макфакс 04.11.2025

Гудачкиот квартет „Пламенка Трајков ска“ во рамките на Есенските музички свечености 2025

Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ утре, 05.11.2025г. (среда) ќе се одржи мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот : Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, со ...

Вечер Прес 03.11.2025

Хорот „Фрида од Македонија“ и младата Бобана ја одушевија публиката

Извонреден концерт во рамките на „Есенски музички свечености“ – Со своите раскошни таленти, Бобана ќе ни биде зачетокот на новата генерација Фриди. Очекувам од наредната сезона, благодарение на таа страст за сцената и на талентот за пеење што го