Од 9 до 17 јули, во соработка со Кинотеката на Македонија, фестивалот Скопско лето ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето“, посветена на македонската филмска уметност.
Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори.Билетите се за сите филмови се достапни на https://www.karti.com.mk/skopsko-leto-2026.nspx а публиката ќе има можност да купи билети и пред почетокот на проекцијата со готовинско плаќање.














