ДКУ
Дирекција за култура
и уметност на Скопје

Отварање на фестивалот Скопско лето во Филхармонија – „Мостови на уметноста” Скопје -Софија

јуни 20, 2025

Отварање на фестивалот Скопско лето во Филхармонија – „Мостови на уметноста” Скопје -Софија .

На концертот во Филхармонијата ќе настапат Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија. Диригенти се Ана Спасовска и Николаи Хилендаров. Солистички ќе настапат: Јана Каевска и Марија Магдалена-Желјазгова – флејта, Санја Јович-Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело и пијанистите Искра Атанасова-Митуш и Николај Маринов – пијано. Ќе бидат изведени дела од Антонио Вивалди, Волфанг Амадеус Моцарт, Франц Лист, Петар Илич Чајковски.

Сава Димитров, ректор на Академијата за музичка уметност во Софија се заблагодари на поканата да го отворат „Скопско лето“ и дополни дека талентите може да поврзуваат, а музиката е заеднички јазик на двете земји.

ПРОГРАМА:

А .Вивалди; В.А. Моцарт; Ф.Лист; П.И. Чајковски