Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“.
Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.
На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“ – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.
Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции.












