ABOUT THE FESTIVAL
The program connects classical, chamber, jazz and contemporary music and turns the city into a stage for various concert formats and musical encounters. Throughout the festival, domestic and international soloists, ensembles and orchestras perform, with programs that connect tradition with contemporary musical expression.
In the official catalog for 2025, the festival emphasizes its mission to remain a symbol of autumn music culture and an important part of the cultural identity of Skopje - a place where music tells its universal story.
2026 EDITION
Со особено задоволство го претставувам 27. издание на „Есенски музички свечености“, фестивал кој од своето основање во 1999 година континуирано го збогатува културниот живот на Скопје и создава простор за афирмација на музичката уметност, уметничката интерпретација и средбата на различни музички генерации.
И оваа година, во ноември, Скопје ќе биде домаќин на музички настани кои ги поврзуваат класичната и камерната музика, домашното музичко творештво и европските музички традиции. Програмата на 27. издание е осмислена како средба на различни уметнички изрази, искуства и генерации, со посебно внимание кон квалитетот на изведбите, афирмацијата на домашните уметници и отворањето можности за меѓународна соработка.
Особено значење има отворањето на овогодишното издание, реализирано во соработка со Факултетот за музичка уметност – Скопје, во годината кога оваа значајна високообразовна институција одбележува 60 години од своето постоење. Посветеноста на македонското музичко творештво и вклучувањето на младите музички уметници се важен дел од нашата определба да го негуваме музичкото наследство, но и да ја поддржуваме неговата иднина.
Реализацијата на фестивалот оваа година е овозможена со поддршка на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје, со што се потврдува значењето на институционалната соработка во создавањето и одржувањето на културните содржини во градот.
Во периодот кога Скопје ги развива своите културни перспективи и се подготвува за предизвиците и можностите поврзани со Скопје 2028, ваквите манифестации имаат посебна улога. Тие ја градат културната препознатливост на градот, го поврзуваат со европскиот културен простор и создаваат можности за трајни уметнички партнерства.
Верувам дека „Есенски музички свечености“ и во ова издание ќе понудат вредни музички средби и доживувања, потврдувајќи дека континуитетот на една културна манифестација се гради преку квалитет, посветеност и отвореност кон новите уметнички хоризонти.
Им благодарам на сите уметници, соработници, институции и партнери кои придонесуваат за реализацијата на фестивалот, а на публиката ѝ посакувам пријатни и инспиративни музички вечери.
Vasilija Chali
Director
Directorate for Culture and Art of Skopje
PROGRAM 2026
Chamber concert - SOUNDSCAPE TVO, Serbia, "BETWEEN SMILES AND TEARS"
Concert of students at the Faculty of Music - Skopje "60 YEARS FMU SKOPJE"
"Sonata Stories" – Zoran Stanisic, piano and Stefan Kotevski, violin
Solo concert of Hatidze Salieva - Antonio Vivaldi "FOUR SEASONS" dd
БИЛЕТИ · 2026
Каталог 2026

ANNOUNCEMENTS IN THE MEDIA
Во среда во КИЦ концерт на Пламенка Трајковска – гудачки квартет
Во рамките на Есенските музички свечености во среда во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20. часот концерт ќе има Пламенка Трајковска – гудачки квартет. Учествуваат: Пламенка Трајковска – виолина Сандра Крстевска – виолина ...
Концерт на гитаристот Георги Шарески на фестивалот „Есенски музички свечености“
Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно - информативниот центар - Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески – гитарист, композитор и аранжер.
Концерт на гитаристот Георги Шарески на фестивалот „Есенски музички свечености“
Во рамки те на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно - информативниот центар - Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески - гитарист, композитор и аранжер.
„Фрида од Македонија“ со концерт на „Есенските музички све чености“
В недела со почеток во 20 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, во рамки на 2 5. издание на „Есенски музички свечености“.
Георг и Шарески со соло гитарски концерт во рамки на „Есенски музички свечености“
Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечерва од 20 часот, во Салон 19:19 при Културно - инфо рмативниот центар – Скопје, ќе се одржи соло гитарски концерт со авторска музика на Георги Шарески, еден од најистакнатите македонски ...
Концерт „Фрида Музикотерапија“ во рамки на „Есенски музички свечености“
На 2 ноември 2025 година (недела) со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, како дел од 25.
„Фрида од Македонија“ со концерт на „Есенски музички свечености“
На 02.11.2025г. (недела) во 20 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, во рамки на 25. и здание на „Есенски музички свечености“.
Во недела во Музеј на македонската борба за самостојност концерт на женскиот хор „Фрида“
Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“. Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година.
Концерт на Георги Шарески – Есенски музички свече ности
Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.
Концерт на Георги Шарески – Есенски музички свечености
Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.









