ЗА ФЕСТИВАЛОТ
„Скопско лето“ е основано во 1980 година и претставува една од најзначајните летни интердисциплинарни културни манифестации во Македонија. Фестивалот секоја година се одржува во периодот од 21 јуни до 31 јули и ги поврзува музиката, театарот, танцот, филмот, литературата, визуелните и мултимедијалните уметности.
Низ повеќе од четири децении, „Скопско лето“ изгради препознатлива платформа за културен дијалог, меѓународна соработка и промоција на домашни и светски уметници.
ПОВЕЌЕ ЗА ФЕСТИВАЛОТ →ИЗДАНИЕ 2026
47. издание на „Скопско лето“ во 2026 година ја продолжува традицијата на летна, урбана и мултижанровска културна програма во Скопје.
Тековната програма ги обединува различните уметнички дисциплини и создава простор за средба на домашни и меѓународни автори, изведувачи и публика.
Подолу е достапна програмата на фестивалот со детални информации за секој настан.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА 2026 →БИЛЕТИ
Билетите за настаните од тековната фестивалска програма може да се купат онлајн или на официјалните продажни места.
ОНЛАЈН БИЛЕТИ
Купете билет преку официјалниот билет-сервис за тековното издание на фестивалот.
ПРОДАЖНИ МЕСТА
Официјалните продажни места и работното време се ажурираат за секое фестивалско издание.
ГАЛЕРИЈА

ОБЈАВИ ВО МЕДИУМИТЕ
Медиумски објави, најави, интервјуа и осврти поврзани со фестивалот „Скопско лето“.
200
медиумски објави · 2026
Почнува 46. издание на фестивалот Скопско лето
В сабота, на 21 јуни почнува 46. издание на Фестивалот Скопско лето, во организација на Дирекцијата за култура и уметност. Фестивалот ќе се отвори со два извонредни настани кои ја најавуваат богатата програма на ова културно лето во главниот град.
Концерт „Мостови на музиката: Софија – Скопје“ за отворање на Скопско лето
Млади солисти и диригенти од Македонија и Бугарија, заедно со Академскиот симфониски оркестар при Националната академија за музичка уметност „Панчо Владигеров“ од Софија, утре во 20.30 часот во Големата сала на Филхармонија, ќе одржат концерт ...
Претставата „Добри луѓе“ во вторник во МКЦ
Претставата „Добри луѓе“ во режија и адаптација на Тамара Стојановска ќе се одигра во вторник, 24 јуни, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
Концерт „Турски амам“ и филм „Планинско чудо“ на „Скопско лето“
Вечер на Скопско лето два концерти во Музејот на македонската борба
„5:17“ на „Скопско лето“- независна претстава за скопскиот земјотрес
Изложба на Жарко Башески на Скопско лето
Голем избор на настани од различни области има на „Скопско лето“
Концерт на Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“ на „Скопско лето“
Ревија на филмови наградени на „Астерфест“ на „Скопско лето“
ФОТО АРХИВА
Фотографска архива на „Скопско лето“ организирана по годишни албуми. Изберете година за да ја отворите целата галерија.










