ДКУ
Дирекција за култура
и уметност на Скопје

СКОПСКО ЛЕТО

47. издание
21.06 – 30.07.2026

ЗА ФЕСТИВАЛОТ

„Скопско лето“ е основано во 1980 година и претставува една од најзначајните летни интердисциплинарни културни манифестации во Македонија. Фестивалот секоја година се одржува во периодот од 21 јуни до 31 јули и ги поврзува музиката, театарот, танцот, филмот, литературата, визуелните и мултимедијалните уметности. Низ повеќе од четири децении, „Скопско лето“ изгради препознатлива платформа за културен дијалог, меѓународна соработка и промоција на домашни и светски уметници.
ПОВЕЌЕ ЗА ФЕСТИВАЛОТ →

ИЗДАНИЕ 2026

47. издание на „Скопско лето“ во 2026 година ја продолжува традицијата на летна, урбана и мултижанровска културна програма во Скопје. Тековната програма ги обединува различните уметнички дисциплини и создава простор за средба на домашни и меѓународни автори, изведувачи и публика. Подолу е достапна програмата на фестивалот со детални информации за секој настан.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА 2026 →

БИЛЕТИ

Билетите за настаните од тековната фестивалска програма може да се купат онлајн или на официјалните продажни места.
ОНЛАЈН БИЛЕТИ
Купете билет преку официјалниот билет-сервис за тековното издание на фестивалот.
ПРОДАЖНИ МЕСТА
Официјалните продажни места и работното време се ажурираат за секое фестивалско издание.

Брошура

Разгледајте ја брошурата за Скопско лето 206.
ОТВОРИ PDF

ОБЈАВИ ВО МЕДИУМИТЕ

Медиумски објави, најави, интервјуа и осврти поврзани со фестивалот „Скопско лето“.
331 медиумски објави
Умно 02.07.2026

Кларинет во придружен гудачки квартет вечерва на Скопско лето

Камерниот концерт „Кларинет во придружен гудачки квартет“ ќе се одржи вечерва во 20.30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Настапот е во рамките на „Скопско лето“. Учествуваат: Бранко Павловски – кларинет, Камелија Дукова Зефиќ – прва виолина, Бранислав ...

Сакам да кажам 02.07.2026

ФОТОИЗЛОЖБА НА АНДОНОВ И НЕДЕЛЧЕВСКИ СЕ ОТВОРА ВО МАЛА СТАНИЦА

Вечерва (2 јули) во 19 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори фотоизложба на Зоран Андонов и Драги Неделчевски насловена „Два погледа на документарната фотографија“, што е дел од содржините на Скопско лето.

Проверено 02.07.2026

Фотоизложба на Андонов и Неделчевски во Мала Станица

Вечерва (2 јули) во 19 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори фотоизложба на Зоран Андонов и Драги Неделчевски насловена „Два погледа на документарната фотографија“, што е дел од содржините на Скопско лето. + 1 тема » прашања »

Црнобело 01.07.2026

НУ Камерен Оркестар на Битола со „Вечер на романтични серенади“ на „Скопско Лето“

НУ Камерен Оркестар на Битола настапува во рамки на фестивалската програма на „Скопско Лето“ со концертот „Вечер на романтични серенади“, проект кој веќе има своја успешна приказна. Имено, истиот овој концерт во март годинава свечено ја отвори концертната сезона на оркестарот, ...

Екран 01.07.2026

Концертот што ја отвори сезоната на НУ Камерен Оркестар на Битола гостува на „Скопско Лето“

НУ Камерен Оркестар на Битола настапува во рамки на фестивалската програма на „Скопско Лето“ со концертот „Вечер на романтични серенади“, проект кој веќе има своја успешна приказна. Имено, истиот овој концерт во март годинава свечено ја отвори концертната сезона на оркестарот, ...

Вечер Прес 01.07.2026

„Поместени граници“ ги разбуди сеќавањата и ги спои индивидуалните мемории

Изложбата „Поместени граници“ која е дел од годинешното „Скопско лето“, како што посочуваат од ДЛУМ, традиционално ги обединува современите уметнички практики што ги истражуваат актуелните индивидуални и колективни искуства преку визуелниот израз.

Сакам да кажам 30.06.2026

ИЗЛОЖБА „ПОМЕСТЕНИ ГРАНИЦИ“ И ДЕН НА ВИЕТНАМ НА СКОПСКО ЛЕТО

На Скопско лрто, денеска (30 јуни) во 20:30 часот, во семејна куќа на ул. Атинска во Скопје, ќе се отвори изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Кураторка е Гордана Велков, која создава концепт насочен кон индивидуалните мемории, ...

Антропол 30.06.2026

„Поместени граници 2026“ – изложба во програмата на „Скопско лето“

На Скопско лето, денеска (30 јуни) со почеток од 20:30 часот, во семејна куќа на ул. Атинска во Скопје, ќе се отвори изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Кураторка е Гордана Велков, која создава концепт насочен кон индивидуалните ...

Проверено 27.06.2026

Градскиот мешан хор „Вардар“ вечерва во Сули ан

Градскиот мешан хор ,,Вардар” – Скопје вечерва во 20:30 часот во Сули Ан ќе настапи во рамки на 47 - то издание на Скопско лето. Диригент е Јасмина Ѓорѓеска - Каро. Концертот е поддржан од Општина Центар и е дел од Програмата за култура на Општината за 2026…

Проверено 27.06.2026

Два концерта и театарска претстава во рамки на „Скопско лето“

Со почеток во 20:30 часот во „Сули ан“ ќе се одржи концерт насловен „Блесоглас“ на Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово и Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје, под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска – Каро.

ФОТО АРХИВА

Фотографска архива на „Скопско лето“ организирана по годишни албуми. Изберете година за да ја отворите целата галерија.