🎼 27. ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2026
11–26 ноември | Скопје
Дирекцијата за култура и уметност – Скопје го најавува 27. издание на „Есенски музички свечености“, традиционалната музичка манифестација посветена на афирмацијата на музичката уметност и збогатувањето на културниот живот во Скопје.
И оваа година, фестивалот продолжува да создава простор за концертни средби, уметнички интерпретации и соработка меѓу музичките уметници, младите изведувачи и културните и образовните институции.
📅 КОНЦЕРТНИ ДАТУМИ И ЛОКАЦИИ
• 11.11.2026 – Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје
• 15.11.2026 – Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19
• 23.11.2026 – Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје
• 25.11.2026 – Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19
• 26.11.2026 – Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19
Деталната програма и изведувачите ги претставуваме во продолжение.
Ве покануваме да бидете дел од 27. Есенски музички свечености!








